­

ВАТРОСТАЛНА ДОО СКОПЈЕ

ДЕЈНОСТ

ДЕЈНОСТ

 

Дејноста на ВАТРОСТАЛНА ДОО Скопје, може да се подели во три основни групи.

  • Огноотпорно одржување на топлотехнички агрегати, вклучувајќи и проектирање, експертизи, испорака на огноотпорни материјали, озид на сите видови топлотехнички агрегати, изведба, ремонтирање и дефектажа на разладни кули, вклучувајќи и упатство за првото пуштање во работа и загревање.
  • Киселоотпорна и антикорозивна заштита во индустриските објекти, изведба на подови, изведба на сите видови хидроизолација (покриви, темели и други бетонски конструкции), озид на разни постројки, пескарење, гумирање киселоотпорни премази, изведба на канали и Шахти по најсоврени методи и ДИН стандард, вклучуваќи и проектирање. При изведба на овие работи се спазени сите норми за екологија и технологија на работа.
  • Изведба на противпожарна заштита и тоа на: каблови, зидови, продори, Метални конструкции и друго согласно важечките Европски и светски стандарди во таа област.

 

Техничко - технолошки бонитет на ВАТРОСТАЛНА ДОО Скопје

 

ВАТРОСТАЛНА ДОО е стручна и овластена фирма за изведба на специјализирани работи во индустријата (индустриски постројки), изведба на секаков вид хидроизолации со примена на најсоврени материјали (фолии, премази), заштита од пожари и други работи во градежништвото.

Специјализацијата за изведба на сложени топлотехнички агрегати во електростопанството, металургијата и хемиска индустрија ја вбројува организацијата во ретките од ваков вид на овие простори.

Со долгогодишната работа се имаме стекнато со потребно искуство на ниво на Европски компании, а долги години изведувавме работи во Германија, Франција, Шведска, Алжир, Кувајт, Ирак и др.

ВАТРОСТАЛНА ДОО Скопје, како оспособена и стручна организација е активен учесник во сите ремонти во ФЕНИ индустри - Кавадарци, РЕК Битола - Битола, ТЕЦ Осломеј - Кичево, Југохром - Јегуновце, Рафинерија Окта - Скопје, Цементарница Титан – Скопје, Алкалоид - Скопје, Европа - Скопје, и други фирми.

Од областа на употреба на материјали во своето работење ги користиме достигнувањата на врвни светски производители како: RHI, Rafratehnik, KCH, Steruler, Pentagon plastik, Hogenes, а за некои од нив сме и астапници.

Сите материјали поседуваат соодветни атести и ISO-стандарди.

Материјалите кои се предвидуваат за санација се со врвен светски квалитет.